• Горан Упале
Олимписките игри во Париз ќе бидат официјално отворени утревечер. Некои натпревари веќе започнаа, но свеченото отворање ќе биде во петок со почеток во 19:30 часот.
Публиката која ќе ги наполни трибините за време на отворањето за тоа задоволство издвои од 90 до 2.700 евра. Познати се и цените на билетите за индивидуални спортови на Игрите.
Ако судиме според цените, атлетиката, кошарката и пливањето се трите најценети спортови на париските арени, а најевтиниот билет чини од 24 евра, па се до најскапиот 980 евра. Значителна сума ќе треба да се одвои за најдобри места на боксерските натпревари, како и за турнирите во одбојка и џудо. На дното на листата се билетите за BMX натпреварување и скејтбординг.
- Најниска и највисока цела за билет во Париз:
Атлетика, кошарка и пливање од 24 евра до 980 евра, бокс од 24 до 520, одбојка од 24 до 420, тенис од 30 до 420, џудо од 24 до 380, ракомет од 24 до 320, фудбал од 24 до 300.
За затворање на Игрите во Париз потребно е да се издвојат од 45 до 1.600 евра.