• Зоран Мишевски
Заврши настапот на нашиот репрезентативец во џудо, Никола Магдески, во категоријата до 66 килограми на Европскиот Младински Олимписки Фестивал во словенечкиот град Марибор.
Магдески во првото коло загуби против словачкиот репрезентативец Одкладај Јурак, при што согласно системот за натпревари не доби право на репесажна борба. Со оглед дека оваа категорија беше една од најмасовните и најсилните, нашиот натпреварувач не успеа да се избори за повисок пласман. Сепак, учеството на ваков престижен натпревар со најдобрите џудисти од цела Европа претставува искуство, мотив, чест, но и обврска да се продолжи со континуиран тренажен процес.
Стефани Делјановска, предводена од својот тренер Петар Стојановски, настапи во спортска гимнастика на ЕМОФ, каде во силна конкуренција од 83 натпреварувачки заврши на 73 место.
Своите први настани во Марибор ги имаа пливачот Стефан Тодоров и атлетичарот Брајан Авија.