Џексон стана првата темнокожна лизгачка со златен медал на ЗОИ

Американката Ерин Џексон го забележа својот најголем успех во кариерата, откако беше најбрза на трката во брзо лизгање на 500 метри на Зимските олимписки игри во Пекинг. Таа до големиот успех стигна со време од 37.04 секунди.

29-годишната натпреварувачка од Флорида зад себе ја остави фаворитката Михо Такаги од Јапонија, која што задоцни осум стотинки, додека бронзата во Пекинг ја освои Русинката Анџелина Голикова.

Ова е прв олимписки медал за Џексон во кариерата, која во ноември 2021 година стана првата темнокожна натпреварувачка со победа во Светскиот Куп. Златниот медал што го освои Џексон е прв за Соединетите Американски Држави во оваа дисциплина по пауза од 1994 година.