Држава го повлече целиот тим од ЛОИ поради страв од ковид-19

Во Токио има високи бројки на новозаразени од коронавирус, а токму тоа беше причината Гвинеја да го повлече целиот олимписки тим и да не настапи на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) кои се предвидени во овој град.

Одлуката за потегот ја соопшти Министерството за спорт во оваа африканска држава и се реши да се повлече целиот тим. Во претходните денови се пишуваше на оваа тема, а Гвинеја го повлече целиот тим иако половина делегација е веќе во Јапонија.

Гвинеја имаше пет претставника на ЛОИ. Ова е трет пат земјата да не учествува на игрите. Претходно, тоа се случи во 1972 во Минхен и четири години подоцна во Монтреал.