Драма пред ЛОИ: Аларм за бомба во близина на стадионот, блокирани улици во Париз!

Дел од Париз околу стадионот „Паркот на принцовите“ е блокиран поради сомнеж дека е поставена експлозивна направа, пишува германски „Билд“.

Како што пренесува овој медиум, меѓу тенискиот објект на Ролан Гарос и „Паркот на принцовите“ била пронајдена торба со сомнителна содржина. Полицијата веднаш реагирала и ја опколила целата улица, но и околните места.

Граѓаните на Париз кои живеат во тој дел од градот не можат да влезат во своите домови, а сообраќајот, вклучувајќи го олимпискиот е затворен.