„Доста ширите лаги, коронавирусот нема да ги одложи ЛОИ во Токио“

Поради коронавирусот кој сè повеќе се шири на Истокот, голем број од странските медиуми објавија дека можно е одложување на најголемиот спортски настан за 2020 година – Летните олимписки игра во Токио.

Но, Јоширо Мори, директорот на Летните Олимписки игри излезе јавно и ги демантираше сите пишувања, и потврди дека долгоочекуваниот настан ќе се одржи. 

„Со појавата на коронавирусот се шират и големи лаги низ медиумите. Една од нив беше и дека Летните Олимписки игри ќе бидат одложени. Нема вистина во тоа и Токио е подготвен за најголемиот настан оваа година“, рече Мори.

Вкупно 64.435 лица во повеќе од 25 земји низ светот се заразиле со овој вирус, а досега бројката на загинати лица е приближно околу 1.400.