Допингот не се исплати: Славен руски биатлонец остана без три олимписки медали!

Швајцарскиот сојузен суд ја потврди пресудата со која рускиот битатлонец Евгениј Устјугов се прогласува за виновен во скандалот со користење допинг во периодот меѓу 2010 и 2014 година. 

Оваа одлука автоматски значи дека Русинот ќе остане без три олимписки медали, меѓу кои и еден златен од Игрите во Ванкувер пред петнаесет години. 

„Навистина жалиме што беше потребно толку многу време за да дојдеме до овој момент, но пресудата потврдува дека нашите принципи се строги и сериозни и нема да дозволиме ваквите случаи да минат неказнето“, изјави директорот на Единицата за интегритет во биатлонот, Грег МекКена. 

На Устјугов му се одземаат уште два медали од двете штафети, а сите одличја наскоро треба да бидат распределени на другите репрезентации кои во тој момент имале најблизок резултат до неговиот.