Цветановска го освои 95-то место на крос кантри трката на десет километри

Ана

Македонската претставничка на Зимските Олимписки Игри, Ана Цветановска, денес дебитираше на спектаклот кој се одржува во Пекинг.

Нашата олимпијка беше дел од крос кантри трката на 10 километри. Нејзиното време од 39:57.07 минути беше доволна за 95-та позиција од вкупно 98 натреварувачки.

Тересе Јохауг од Норвешка беше најбрза пред Керту Нисканен и Криста Пармакоски од Финска.

Цветановска заостана нешто повеќе од речиси дванаесет минути зад првопласираната натпреварувачка.