Чилеанска олимпијка прва исклучена од Игрите заради ковид-позитивен тест

Бројот на ковид-позитивни во Олимпиското село во Токио од ден на ден расте и се доближува до бројката од сто заразени лица на коронавирус. Фернанда Агире од Чиле е првата спортистка која ќе ги пропушти Олимписките игри во Токио поради ковкид-19.

Таеквондистката доби позитивен тест и веќе е изолирана во главниот град на Јапонија.

Чилеанскиот олимписки комитет јави дека Агире добро се снаоѓа, но таа нема да може да се натпреварува во Токио, бидејќи се соочува со десетдневен карантин.

Олимписките игри во Токио почнуваат на 23 јули, а турнирот во таеквондо ќе започне ден подоцна.