„Бог ве казнува со коронавирусот поради вашиот третман на руските спортисти“

Svetlana

Коронавирусот беше причината поради која Летните Олимписки Игри кои требаше да се одржат ова лето се одложени за наредната година.

Контроверзна изјава во врска со оваа одлука даде поранешната двојна олимписка шампионка и руска гимнастичарка, Светлана Хоркина. Според неа, ова е еден вид божја казна за тоа што претрпеа руските спортисти во изминатите неколку години.

„Не кажува руската химна без причина дека Бог ја чува нашата земја. Ова е еден вид божја казна. Сето ова се случува поради нападот врз руските спортисти.

Сепак, Русија е секогаш тука да помогне. Сега мора да се подготвиме за да ја вратиме нашата земја на Олимписки игри“, смета поранешната гимнастичарка.

41-годишната Хоркина освои златни медали на Олимписките игри во 1996 и 2000 година.