Бекер: Сите доаѓаат во најдобра форма, ќе гледаме феноменален тенис на Олимписките игри

Германецот Борис Бекер, во интервју за англиските медиуми изјави дека очекува спектакуларен тенис на претстојните Олимписки игри кои ќе се одржат во Париз. 

Бекер е убеден дека играчите ја чуваат својата најдобра форма за Игрите во „градот на светлина“ и очекува маестрални партии од најголемите светски ѕвезди, зашто за дел од нив ова ќе биде последна шанса за освојување медал. 

„Мислам дека сите најдобри го чуваат оружјето за Олимписките игри. Скоро сите изјавија дека го сонуваат златниот медал, а тоа мислам дека доволно кажува. Ѓоковиќ, Алкараз, Зверев, Медведев и останатите, сите ќе прикажат спектакуларен тенис. Мислам дека ќе следиме прекрасни мечеви, исполнети со многи возбуда“, рече Бекер. 

Карлос Алкараз и Јаник Синер ќе важат за најголеми фаворити за златниот медал во Париз, но тука е секогаш и Новак Ѓоковиќ, кој неколку пати изјавуваше дека силно го посакува најсјајното одличје.