• Горан Упале
Чилеанскиот тенисер Николас Џари се најде во проблем кога пристигна во својата соба во олимпиското село. Таму го пречека веќе познатиот картонски кревет, чија премиера беше пред три години во Токио. Но, за него креветот е премал.
На официјалниата веб-страница на АТП пишува дека Џари е висок 201 сантиметар, па морал да се снајде за да може да се испружи на креветот.
Решението го сподели и со своите следбеници на социјалните мрежи, и објави видео на кое се гледа како на крајот од креветот додава уште еден дел за да може покомотно да спие.
POV: Eres Nico Jarry, mides 1.98 y tienes que dormir en las camas de cartón de la Villa Olímpica pic.twitter.com/c0LnDJOfhN
— Séptimo Game (@Septimo_Game) July 23, 2024
Инаку, Џари ќе биде носител на чилеанското знаме, заедно со веслачот Антонио Абрахам, кога делегацијата на таа земја заедно со останатите ќе се појави на свеченото отворање на Игрите.