Ајуму со прв златен медал за Јапонија во сноуборд

Јапонија

Хирано Ајуму беше најдобар во финалето и го освои златниот медал во сноуборд на Олимпијадата која се одржува во Пекинг.

За Јапонецот ова е прво златно одличје, по двата последователни сребрени медали на ЗОИ во Пјонгчанг и Сочи. 

Во последниот обид, јапонскиот натпреварувач освои доволно поени за да го потисне Скоти Џејмс од Австралија на втората позиција. Јан Шерер од Швајцарија беше изненадувачки освојувач на бронзениот медал.