Неспорен е фактот дека градот Струмица и тамошниот клуб со исто име, кој воедно е актуелен првак, е непресушлив избор на таленти во овој спорт. Ако се погледне актуелната репрезентација на Македонија во одбојка, ќе се заклучи дека најголем дел од играчите се со потекло од Струмица, продукт на академијата на клубот. Струмичани покрај ова, вниманието на јавноста го привлекуваат со уште еден факт. Имено, во клубот има петмина братучеди, четири играчи и тренер, со презимето Ричлиев.