Женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години доживеа втор пораз во три сета, овој пат од Словенија (13-25, 20-25, 15-25) во рамки на Европското првенство (ЕП) кое се одржува во Скопје.
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години доживеа втор пораз во три сета, овој пат од Словенија (13-25, 20-25, 15-25) во рамки на Европското првенство (ЕП) кое се одржува во Скопје.
Женската одбојкарска репрезентација до 19 години со пораз од Финска во три сета (10-25, 19-25, 20-25) го отвори Европското првенство (ЕП) кое на програмата е во Скопје.
Одбојкарската репрезентација на Турција славеше во дуелот од првото коло на Светското првенство против Кина со 3-0. Фаворитот успеа безгрешнон да дојде до триумф во првиот меч од групата Е кој се одигра во Љубљана.
Официјално започна Светското првенство во одбојка за мажи. Полските одбојкари, предводени од српскиот селектор Никола Грбиќ од клупата, ја победија Бугарија со 3-0 (25-12, 25-20, 25-20) во првото коло од групата Ц на Светско првенство.шампионат.
Младите македонски одбојкарки го одржаа последниот тренинг пред утрешниот, историски ден за нашата одбојка поради првото учество на Европското првенство за одбојкарки до 19 години.
Македонската одбојка одбројува два дена до почетокот на Европското првенство за одбојкарки до 19 години. Во двете скопски арени „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“, од сабота до четврти септември, дванаесет национални состави за одбојкарки родени 2004 година и помлади ќе се натпреваруваат на шампионатот на којшто се најдобрите на континентот.
По поразите во групната фаза од фаворитите Србија и Грција, македонските одбојкарки до 19 години немаа сили да се рехабилитираат ниту во натпреварот против Косово во сегментот за пласман од петтото до седмото место во конечното рангирање на Балканското првенство во романскиот град Миовени.
Македонскиот одбојкарски првак ОК Струмица Никоб ги започна подготовките за новата европска сезона и претстави неколку новитети во пресрет на европското деби и настапот во Лигата на шампионите со холандски Апелдорн.
Со два долги и неизвесни натпревара, во салата „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ во Крушево заврши 46. издание на Меморијалниот одбојкарски тунир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, со кој традиционално се одбележува ликот и делото на основоположникот на одбојката во тетовскиот регион.
Очекувани резултати и на вториот ден на турнирот „Чајка“. Сениорските репрезентации на Македонија и Босна и Херцеговина не дозволија изненадување и славеа над помладите противнички во второто коло на 46. меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.
Почна 46-от Mеморијален турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ и тридневната одбојкарска забава во Крушево. Овој турнир честопати го менуваше терминот, но организаторите секогаш ја почитуваа традицијата преку неговото одржување да биде одбележан ликот и делото на основоположникот на одбојката во тетовскиот регион.
Во организација на Oдбојкарската федерација на Македонија и семејството Хаџи Иљоски, во следните неколку дена ќе се организираат Меморијалниот турнир „Бранко Хаџи Иљоски - Чајка“.