Primary tabs

  • Бугарите шокирани од ОФМ: Одбојкарите со двокатни градски автобуси се пренесуваат од хотел до сала!

    Дефинитивно за Одбојкарската Федерација на Македонија нема крај на проблемите со кои се соочува изминатите години, а сезонава истите доживуваат кулминација. Бугарските медиуми со неверување пишуваат од она што ги затекло во Скопје, а тоа е начинот на којшто се транспортираат одбојкарите од хотел до сала и назад за време на натпреварите и тренинзите.

  • И ОФМ има свои „шерифи“: Закани и омаловажување за екипата на Gol.mk

    Одбојкарите „газат“ и за тоа секоја им чест. Четири од четири и враќањето во Варна за Ф4 завршниот турнир се ближи. Но, не се сите така одговорни и професионални како репрезентативците и стручниот штаб. Раководството на ОФМ вчера недозволиво протестираше кон нашата екипа за начинот на информирање при патувањето за Бугарија минатиот викенд.

  • Ристоски: Утре и задутре ќе биде уште потешко

    Македонската одбојарска репрезентација ја оствари целта, но вечерва не изгледаше како убедливиот тим во првиот турнир во Бугарија, каде ги доби сите три натпревари, играјќи подобро од своите противници. По победата во пет сета против Албанија, селекторот Жарко Ристоски го анализираше моментот во кој се наоѓа селекцијата и најави дека нема да биде воопшто лесно и во следните два дена. 

  • Одбојка

    Албанците испратија опомена, Македонија слави, но утре со Данска мора подобро

    Опуштање, реакција и на крај победа – Тоа се трите лајт-мотиви од првиот меч на македонската одбојкарска репрезентација на вториот турнир од Европската лига. Албанија не беше наивен противник, а на одбојкарите на Жарко Ристоски им требаа пет сета за да слават (3-2). Ѓорѓиев пак ги презеде работите во свои раце и со 31 поени ги заврши албанските сништа. Но, овој меч треба да биде сериозна опомена за македонските одбојкари. Утре против Данска и в сабота со Бугарија мора многу подобро и поконцентрирано. Ни недостигаат само два сета за првите денови од јули да ги минеме на Ф4 во Варна.

  • Одбојкарите си поиграа со нервите на навивачите: Тешко совладана Албанија во пет сета

    Македонската одбојкарска репрезентација со многу проблеми ја прокнижи првата победа на турнирот на Европската лига во Скопје, откако во пет сета ја совлада Албанија со 3-2 (23-25, 25-23, 20-25, 25-18, 15-10). Сега момците на Ристоски се на само два сета до пласман на својот трет Ф4 на Европската лига, но победа утре над Данска ќе ги разреши сите дилеми и математики. 

  • Бугарите со пресврт ја совладаа Данска во првиот меч од турнирот од ЕЛ во Скопје

    Денес во „ВИП Арената“ во Скопје започнаа натпреварите од вториот турнир за пласман на завршниот турнир на Европската лига на 1 и 2 јули во Варна.

  • Ѓорѓиев: Само првото место ни е во мислите!

    Македонската одбојкарска репрезентација се наоѓа пред нов настап во низа на самата завршница од Европската лига, а во пресрет на вториот турнир во Скопје како фаворити се токму избраниците на селекторот Жарко Ристоски. Главниот поентер и двигател во нашата селекција и воедно капитен, Никола Ѓорѓиев истакна дека бескомпромисно ќе одиме на освојување на првото место во групата А.

  • Марек: За да ја купиме ѕвездата на Македонија, Ѓорѓиев цела Дупница треба да собира пари

    Менаџерот на неколкукратниот шампион во низа на Бугарија, Марек од Дупница, Лудмил Најденов за тамошните медиуми даде интересна изјава за капитенот на нашата одбојкарска рептезентација, Никола Ѓорѓиев.

  • Ристоски: За Варна заминавме како аутсајдери, а сега во Скопје сме фаворити!

    Предводникот од клупата на одбојкарската селекција на Македонија, Жарко Ристоски е свесен за резултатот кој е направен во Варна, но иако претпазлив ветува повторување на истото остварување и во Скопје, за заверка на првото место и нов „фајнал-фор“ турнир.

  • Симовски: Со нашиот квалитет заслужуваме место во Светската лига!

    За претстојниот втор турнир од Европската лига, во составот на Македонија за првпат ќе настапат двајцата браќа Дејан и Јовица Симовски, откако поискусниот одбојкар се одлучи да се врати во репрезентацијата. Одбојкарот на Ајачио, Јовица на денешната прес конференција истакна дека со овој квалитет кој што го имаме не е спорно местотo на Ф4 турнирот во Варна и најави годинава конечно освојување на Европската лига во третиот наш настап.

  • Одбојкарите посилни за Јовица Симовски на турнирот во Скопје

    Најдобриот македонски одбојкар Јовица Симовски сепак ќе настапи на вториот турнир од Европската лига од четврток до сабота во Скопје. Одбојкарската федерација потврди дека Симовски бил наговорен од соиграчите и ќе се најде од вечерва во тренажен процес, а потоа и во тимот за мечевите со Албанија, Данска и Бугарија. 

  • Ристоски: Данска е нашиот најголем ривал во Скопје

    Одбојкарска еуфорија ја зафаќа нашата земја пред вториот турнир за пласман на завршниот турнир на Ф4 на Европската лига во Варна. Селекторот не дозволува опуштање, иако со победата на сите три натпревари на првиот турнир, завршен е голем дел од работата.  

  • Ѓорѓиев: Некој да ми кажеше дека од Варна ќе се вратиме со три победи, немаше да му верувам

    Македонските одбојкари веќе пристигнаа во Скопје и ќе се обидат да се одморат по напорниот пат и трите натпревари во три дена со кои ја освоија македонската јавност. Капитенот Никола Ѓорѓиев уште пред заминувањето во Варна имаше позитивно претчуство.

  • Ристоски: Оваа победа е за цела Македонија, одбојкарите беа, се и ќе бидат наши херои!

    Селекторот Жарко Ристоски со одбојкарската селекција на Македонија продолжува од ништо да прави нешто, веќе трета сезона во низа откако се натпреварува во Европската лига. Поранешниот наш репрезентативец, а сега успешен стратег кој веројатно по крајот на настапите во ова натпреварување ќе ја напушти нашата клупа, по мечот со Бугарија беше презадоволен и изјави:

  • Одбојкарите со три високо подигнати прста отпоздравија во Варна!

    Како и на претходните три меча, така и денес по победата над Бугарија, одбојкарите на Македонија на чело на Александар Љафтов направија победничко селфи.

  • Отидовме, видовме, победивме и со 3/3 се враќаме од Варна

    Македонската одбојкарска репрезентација буквално се прошета во Варна, од каде што се враќа со максимални три победи по првиот турнир од А групата во Европската лига. Денес пред избраниците на Жарко Ристоски се поклони и домашната селекција на Бугарија, која беше совладана со 3-1 во сетови (31-29, 15-25, 25-21, 25-21).

  • По голема борба падна и Данска: Одбојкарите со втора победа во ЕЛ!

    Македонската одбојкарска селекција во маратонски меч по долга борба дојде и до втората победа во Европската лига, откако славеше над Данска со резултат од 3-2 во сетови (25-27, 25-21,18-25, 25-20, 20-18). Мечот траеше два и пол часа, Данска во најголем дел од мечот беше во водство, Македонија стигаше, но на крај недоволно да се избегне поразот.

  • Одбојкарите победничкиот старт го овековечија со селфи!

    Македонската одбојкарска селекција на сите маки, за разлика од минатата сезона кога на стартот беше поразена од Естонија, сезонава настапите во Европската лига ги отвори со победа, по славјето над Албанија во Варна со 3-0.

  • Македонија на сите проблеми победнички тргна во ЕЛ: На стартот падна Албанија!

    Македонската одбојкарска репрезентација со победа го отвори своето трето учество во Европската лига по триумфот во првото коло од групата А над Албанија со резултат од 3-0 во сетови (25-17, 25-23, 25-18).

  • Данскиот селектор Троле: Македонија има одбојкари од светска класа!

    Македонската одбојкарска селекција утре со првиот турнир од групатa А ќе ги започне настапите во Европската лига, трета година во низа. Како и претходните две сезони, така и годинава повторно во нашата група се најде селекцијата на Данска. Селекторот на скандинавците Микел Троле пред стартот на настапите во Варна истакна дека добро ја познава селекцијата на Македонија, која е составена од квалитетни одбојкари.

Pages