Екипата на Вардар се пласшира во финалето од завршницата во Купот на Македонија, откако во салата „Јасмин“ во Кавадарци со 3-2 (21-25, 25-23, 25-20, 19-25, 18-16) славеше над Универзитет во Тетово. Вардарци со водство го отворија првиот полуфинален натпревар, но тетовчани со два врзани сета се вратија во игра и најавија возбудлива завршница. „Црвено-црните“ експресно се созедоа и беа убедливи во четвртиот сет, додека во одлучувачкиот по многу борба се изборија за пласман во финалето, каде ќе се сретнат со екипата на Струмица.