Освојувачките на Купот, одбојкарките наРаботнички Скопје, го повторија резултатот од завршниот турнир во Кавадарци и поведа со 1-0 во победи против Струмица жени во полуфиналето од разигрувањето за шампионската титула. Како и во салата „Јасмин“, на скопската екипа и беа потребни четири сета за да ги совлада ривалките, а со тоа да се доближи на чекор до пласман во лигашкото финале. Реваншот е денес на теренот на Струмица жени, а доколку по него резултатот во серијата е 1-1, ќе има мајсторка во Скопје. Ист е влогот и во второто полуфинале меѓу актуелните првенки од Јанта волеј Кисела вода и Наковски волеј. Струмичкиот состав ќе сервира во своја сала и во случај на успех ќе се избори за уште еден решавачки натпревар во главниот град. Во спротивно, Јанта волеј Кисепа вода ќе обезбеди финале.