Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим, унгарски Елоре го освоија сребрениот медал во Средноевропската МЕВЗА лига, откако во финалето со 3-2 (25-21, 25-20, 21-25, 14-25, 15-11) загубија од хрватскиот претставник Мурса. Во финалето кое траеше 131 минута, Елоре успеја да се врати од 2-0 негатива, но не и да стигне до титулата. Љафтов рализираше шест поени во овој дуел. Интернационалецот и неговиот тим сега се насочуваат кон унгарското првенство каде се на лидерската позиција и еден од главен фаворит за шампионската титула.