„Спартанците“ на Жарко Ристоски ќе играат ново финале во Европската Лига. Македонските одбојкари во полуфиналето играно попладнево во Варна ја совладаа селекцијата на Австрија со 3-2 во сетови (25-23, 23-25, 17-25, 25-18, 15-13). Така нашите репрезентативци и во седмиот сезонски натпревар од ова натпреварување, дојдоа до седмата победа, а петта во меѓусебните дуели со Австрија во последните три сезони, откако сме дел од Европската Лига.