• Ненадејно почина бившиот одбојкар Дејан Брџовиќ

    Еден од најдобрите српски одбојкари на сите времиња, Дејан Брџовиќ синоќа ненадејно почина во 50. година од животот. Брџовиќ беше дел од генерацијата на браќата Грбиќ, кои на Србија и го донесоа првиот медал од големите приредби на Олимијадата во Атланта во 2006 година.

  • Пирин од Бугарија го освои одбојкарскиот турнир „Бранко Хаџииљоски - Чајка“

    Пирин од бугарскиот град Разлог е победник на 39. традиционален меморијален турнир во одбојка за жени, „Бранко Хаџииљоски – Чајка". Бугарските одбојкарки во финалето ја победија екипата на Љуботен со неизвесни 2-1 (17-25, 25-15, 17-15).

  • В недела одбoјкарски хепенинг во чест на легендарниот Чајка

    Љубителите на одбојката, в недела во Тетово, ќе имаат можност да уживаат во престижен женски одбојкарски турнир, кој ќе го носи името на легендарниот Бранко Хаџииљоски - Чајка. Турнирот е во организација на Агенцијата за млади и спорт, која го обезбеди и наградниот фонд од 150.000 денари.

  • Кој би рекол дека 13-годишно девојче поседува ваков смеч

    На интернет се појави снимка од 13-годишно девојче, кое на загревање пред натпревар смечува како вистинска професионалка.

  • Симовски го изненади Кан и ги донесе бодовите на Корзика

    Составот на Ајачо, каде настапува македонскиот одбојкарски репрезентативец, Јовица Симовски, забележа значајна гостинска победа со резултат 2-3 по сетови (18-25, 26-28, 25-13, 25-21, 12-15) против фаворитот Кан, во рамките на 10. коло на францускиот одбојкарски шампионат.

  • Полска домаќин на завршниот турнир од Светската лига во одбојка

    Финалниот турнир од Светската лига во одбојка ќе се одржи наредната година од 13-17 јули во Полска, а градот домаќин ќе биде дополнително одреден. Оваа одлука ја донесе извршниот одбор на ФИВБ на состанокот кој се одржа во Лозана, Швајцарија.

  • Јанта Волеј и Струмица супериорни во домашното одбојкарско првенство

    Освојувачот на Купот на Македонија во одбојка, екипата на Јанта Волеј, продолжува да „гази“ во домашното првенство. И по пет одиграни кола, одбојкарките од Струмица сe без пораз. Идентичен скор имаат и одбојкарите на Струмица, кои во 5. коло од Првата лига за мажи, ја забележаа петтата победа, овој пат против екипата на Шутова, и тоа убедливо со 3-0. 

  • Динамо убедлив на стартот, Војводина покажа многу респект и убедливо загуби во Полска

    Екипата на Динамо од Москва беше убедлива на домашен терен и го прегази германски Фридрихшафен со 3-0 во сетови (25-16, 25-20, 25-16) на стартот од одбојкарската Лига на шампиони. Русите, во ниту еден момент не го испуштија водството и практично го срушија германскиот ѕид од Фридрихшафен. Предводник на домашната екипа беше Игор Зајцев со 18 поени, од кои четири ас сервиси. 

  • Почнува одбојкарската Лига на шампиони без македонски интернационалци!

    Денес стартува 56. издание на Лигата на шампионите во одбојка. Завршниот турнир ќе се игра на 16 и 17 април идната година, а организаторот ќе биде познат во јануари 2016 година. Титулата ја брани Зенит Казан, кој успеа со 3-0 да го добие полскиот првак Резов на фајнл-форот, кој лани се одржа во Берлин. Од 16. февруари идната година започнува плеј-офот, на кој шесте второ пласирани екипи ќе се борат да им се приклучат на победниците во групите во нокаут фазата.

  • Одбојкарите ги добија ривалите за квалификациите за следното ЕУРО

    По одличното лето и второто место во Европската лига, македонската одбојкарска репрезентација ги дозна противниците од квалификациите за ЕП во Полска во 2017 година. Македонија се најде во група со селекциите на Чешка, Естонија и Романија.

  • Софија Ричлиева на одбојкарска печалба во Турција

    Софија Ричлиева, младата одбојкарка од Струмица, преминува во турскиот второлигаш Орду Турк Телеком, каде ќе ја продолжи својата кариера.

  • Започна 45. сезона Лига на шампиони во одбојка за жени

    Денес се одиграа првите два натпревари од групната фаза на Лигата на шампионите во одбојка за жени.

  • В сабота стартува 24. одбојкарска сезона на Македонија

    Македонската одбојкарска федерација и претставниците на клубовите одлучија, по долги преговори и одложувања, сезоната да започне оваа сабота. Тоа ќе биде 24. одбојкарски шампионат во историјата на нашата држава.

  • Додека другите пишуваат историја, светскиот и европскиот првак во одбојка без полуфинале

    Познати се полуфиналистите од Европското првенство во одбојка, кои на 10. октомври во Софија, Бугарија ќе ги одмерат силите во борба за златниот медал.   Изненадувачки е фактот што и европскиот првак Русија и светскиот првак Полска, своето првенство го завршија тука. Во натпреварот Русија – Италија, селекцијата на Италија ја победи Русија со неверојатни 0:3 (20-25 19-25 19-25), додека пак репрезентацијата на Полска загуби од „сините момци“ на Словенија со резултат 2:3 (17-25, 19-25, 25-23, 25-19, 14-16). Французите издвојуваа победа од 3:1 (25-22 25-23 14-25 25-20) против Србија, која втор пат по 20 години од 1995 година нема да игра полуфинале. Натпреварот Бугарија – Германија заврши со 3:0 (25-19 25-23 25-23), со што Бугарите ја запишаа својата втора победа против тимот на Германија.  Судејќи по денешните натпревари, не очекуваат возбудливи натпревари во полуфинале, кои ќе се играат на 17. октомври во Софија, Бугарија помеѓу Словенија – Италија и Бугарија – Франција.

Pages