• Струмица пак победува, Пробиштип во полуфиналето на Купот

    Шампионот Струмица им се врати на победите во најсилниот одбојкарски шампионат на Македонија, откако загуби во Кичево од Шутова минатиот викенд. Во дуелот од 11. коло Струмица убедливо со 3-0 (25-7, 25-6, 25-19) го совлада тимот на Мавис.

  • Никола Ѓорѓиев бронзен во јапонскиот одбојкарски шампионат

    Никола Ѓорѓиев со тимот на Торај стигна до третото место и бронзениот медал во јапонскиот одбојкарски шампионат. 

  • Македонија се вклучи во иницијативата на ЦЕВ - „Ден повеќе за одбојка“

    Денес во Струмица, по повод Европскиот ден на одбојката започна манифестацијата „Ден повеќе за одбојката“, во организација на Одбојкарската Федерација на Македонија, а во соработка со Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

  • Ѓоргиев и Миленковски со ММ Пјанго до нова победа

    Турскиот одбојкарски клуб ММ Пјанго, во чии што редови настапува нашиот репрезентативец Ѓорѓи Ѓоргиев, а од клупата го предводи Јошко Миленковски дојде до нова победа во тамошниот шампионaт, откако славеше над Инегол со 3-2 во сетови (22-25, 25-10, 25-11, 27-29, 15-11).

  • Шутова ја доби Струмица во одбојкарското дерби

    Во 10. коло од одбојкарскиот шампионат на Македонија, Шутова од Кичево беше подобра од Струмица  3-1 (25-21, 24-26, 25-18, 26-24). И покрај поразот Струмица го задржа првото место по вториот круг. Синоќа во преполната сала во Кичево решаваа нијанси во сите четири сета, а кичевчани имаа подобар блок и ас сервиси.

  • Ајачио им се врати на победите, Симовски повторно најдобар

    Македонскиот репрезентативец Јовица Симовски продолжува со одличните игри за својот клуб Ајачио во шампионaтот на Франција, откако по поразот во минатото коло од Тур, синоќа триумфираше над Поатие со 3-1 во сетови (25-21, 25-21, 19-25, 25-20).

  • Деспотовски и Симовски со нови победи

    Македонските одбојкарски репрезентативци продолжуваат со одличните игри за своите клубови, откако Филип Деспотовски со Аркада Галати, односно Јовица Симовски со Ајачио, извојуваа нови победи.

  • Бугарија ќе ги нагости македонските одбојкари во Варна

    Бугарската одбојкарска федерација го пријави градот Варна, односно салата „Дворец на културата и спортот“ за домаќин на првиот од двата турнира од Европската лига од групата А, каде што се наоѓа и Македонија.

  • Никола Ѓоргиев брка титула во одбојкарското првенство во Јапонија

    Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Никола Ѓоргиев има успешна одбојкарска кариера на далечниот Исток, во Јапонија. 

  • Синот на селекторот Жарко Ристоски сруши несекојдневен рекорд

    Во моменти во кои одбојкарскиот спорт во Македонија е пред изумирање, сениорскиот национален тим ги прави најголемите успеси во историјата. Во ситуација кога едвај се наоѓа по некој клуб да се направи сениорска лига, во младинските категории нема ниту една лига. Интерес помеѓу младите, како девојчиња, така и момчиња има за тренирање на овој спорт, но практично нема каде.

  • „Таурон арената“ сега се полни за одбојкарски спектакл

    Откако европското првенство во ракомет беше најгледано во историјата, сега на ред е нов спектакл во прекрасниот објект „Турон арена“ во Краков.

  • Симовски го однесе Ајачио во финалето од Купот на Франција

    Еден од најдобрите македонски одбојкари, Јовица Симовски со својот тим Ајачио ќе игра во финалето од Купот на Франција откако во полуфиналето триумфираше над Тур со 3-1 во сетови (29-27,20-25, 29-25 и 25-22).

  • Одбојкарските натпревари ќе траат само 110 минути

    Светската одбојкарска федерација (ФИВБ), предложи ограничување на натпреварите на само 110 минути.

  • Одбојкарот Николов заминува на краток престој во Либан

    Еден од најдобрите одбојкари на тимот на Струмица, Ангел Николов, ќе замине на краток престој во Либан, каде ќе настапува за Халат Спортинг клуб. 

  • Целта на Ѓоргиев за претстојната Европска лига е – ШАМПИОНИ!

    Македонската одбојкарска репрезентација за противници во Европската лига во одбојка ќе ги има селекциите на Бугарија, Данска и Албанија. Првиот од двата термини за ова натпреварување е во Бугарија од 10 до 12 јуни, додека вториот ќе биде одржан во нашата земја од 17 до 19 јуни, за првпат. 

  • Македонија за првпат домаќин на турнир од Европската лига во одбојка

    Денес одборот на Светската одбојкарска лига го објави распоредот на групите од овогодинешното издание. Македонија ќе се натпреварува во групата А од Европската лига, каде за противници ќе ги има селекциите на Бугарија, Данска и Албанија. 

  • Симовски прв поентер, неговиот Ајачио загуби

    Одбојкарскиот тим на Ајачио, за кој настапува нашиот интернационалец Јовица Симовски, на домашен терен во 12. коло од францускиот шампионат загуби од Тур со 3-0 (25-23, 25-22, 25-16). За тимот на Симовски ова беше прв натпревар во новата година.

  • Одбојкарите на Русија се пласираа на ОИ во Рио

    Одбојкарската репрезентација на Русија и актуелен олимписки шампион ја совлада репрезентацијата на Франција со 3-1 и се пласира на завршниот турнир во Рио. Со пласманот на ОИ во Рио, одбoјкарите на Русија ќе имаат можност да го бранат златото од игрите во Лондон, кое го освоија пред четири години. Фаворитот на денешниот меч Франција и актуелен европски шампион, го доби првиот сет убедливо со 25-14, но во останатите три, руските одбојкари одиграа феноменален блок и се пласираа на игрите во Рио.

  • Одбојкарите на Франција и Русија во финалниот меч за виза во Рио

    Одбојкарите на Русија во Берлин, ја совладаа селекцијата на Германија во полуфиналето од квалификационот турнир за ОИ во Рио Де Жанеиро, со 3-1. Домаќините успеаа да го добијат првиот маратонски сет со 33-31. Во продолжение руските одбојкари, кои беа и фаворити на денешниот дуел, успеаа релативно лесно да ги добијат вториот и третиот сет. Во четвртиот се играше изедначено до самиот крај, за да Русите го добијат на разлика со 26-24, а со тоа обезбедат пласман во финалето.

  • Познати полуфиналните двојки на квалификациониот одбојкарски турнир

    Домаќинот на квалификациониот турнир за игрите во Рио, Германија ја совлада селекцијата на Полска со 3-2, и го освои првото место во групата А. Претходно во повторување на дуелот од финалето на Европското првенство, европскиот првак Франција уште еднаш ја декласира Бугарија со 3-0. Во првиот денешен дуел, кој немаше никакво натпреварувачко значење Србија ја забележа првата победа на овие квалификации совладувајќи ја Белгија со 3-1.

Pages