Сите клубови кои се дел од Првата машка лига и официјално се на зимска пауза, откако првиот дел од сезоната на одбојкарските терени беше комплетирана минатиот викенд.
Одбојкарите на Перуџа ја освоија титулата светски шампион, откако во финалето на Светското клупско првенство, кое се одржа во Белем, ја победија јапонска Осака со 3-0 (25-20, 25-21, 29-27).
Одбојкарите на Штип УГД со нова убедлива победа ставија крај на успешната 2025 година. Македонскиот вицешампион и актуелен освојувач на Купот на Македонија пред својата публика славеше триумф над Весна Пробиштип со 3-0 и на тој начин полусезоната во домашниот шампионат ја крунисаа со титулата есенски шампион.
Македонската одбојкарска репрезентативка и членка на актуелниот женски првак Јанта Волеј Кисела Вода, Мери Бошковска е избрана за најдобра млада спортистка за 2025 година на јубилејната петта „Златна Олимпија 2025“ во организација на Македонскиот Олимписки Комитет.
Одбојкарските клубови – членки на ОФМ, доставија соопштение до медиумите во кое покажаа загриженост за спортот и побараа од Министерството за спорт. Клубовите се огласија во врска со актуелните случувања во делот на спортот, имаат обврска да дадат свое мислење и видување околу оваа проблематика. Постои голема загриженост за правецот во кој се движи спортот во целина, опстанокот на спортските клубови и секако развојот на спортот и здравјето на младите.
Учеството во Европската лига 2026 најдобрите македонски одбојкари ќе го започнат на домашен терен, односно како организатори на еден од турнирите од првиот викенд (05 – 07 јуни 2026). Македонија има континуитет во ова елитно континентално натпреварување од 2014 година, кое од ова издание добива и на ново значење, односно со него стартуваат и квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
Женската сениорска репрезентација на Македонија, откако на почетокот на оваа недела доби нов селектор, Србинот Милош Гавриловиќ, денеска ги дозна противниците и распоредот во Европската лига 2026.
Одбојкарите на УГД Штип загубија со 0-3 (12-25, 14-25, 20-25) од Пауерволеј Милано во првиот меч во 1/16 финалето од ЦЕВ Челинџ Купот во салата "25 Мај" во Радовиш.
Комесарката за натпреварување на Одбојкарската федерација на Македонија, Сања Никчевиќ учествуваше на годишната Конференција на проектот „Играј одбојка, расти со неа“, која се одржа во Букурешт, Романија и која имаше предзнак, завршна и опфати двегодишен циклус од имплементацијата на проектот.
Српскиот стратег Милош Гавриловиќ е нов селектор на женскиот сениорски национален тим. Актуелниот тренер на романски Динамо Букурешт е новиот избор на Извршниот одбор на Одбојкарската Федерација на Македонија да ги предводи дамите. Договорот е на две години, со можност истиот да биде продолжен.
Очекуван резултат во последниот натпревар од деветтото коло на одбојкарскиот шампионат на Македонија. Седма првенствена победа запишаа одбојкарите на Борец од Велес, кои со 3-0 во сетови (25-15, 25-17, 25-13) ја совладаа Македонија Џио во Струмица.
Шампионот Струмица 47&72 му го расипа беспрекорниот учинок на лидерот Штип УГД откако во дербито од 9. коло во Првата лига мажи му го нанесе првиот пораз сезонава 2-3 (25-19, 25:21, 23:25, 23:25,12:15).
Шампионот Струмица му го расипа беспрекорниот учинок на лидерот УГД Штип, откако вчера на гостински терен во рамките од 9. коло во Првата лига му го нанесе првиот пораз сезонава, со 2-3 (25-19, 25-12, 23-25, 23-25, 12-15).
Штипски Младост УГД со победа од 0-3 во сетови се враќа од гостувањето кај Струмица Жени во последниот есенски натпревар за двете екипи во Првата женска одбојкарска лига.
Втора година во низа машката и женската сениорска репрезентација на Македонија паралелно ќе учествуваат во Европската лига. Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија на последниот состанок донесе одлука да се задржи континуитетот на А селекциите во ова натпреварување, кое од 2026 година ќе добие и нова тежина, односно ќе го замени квалификацискиот циклус за ЕвроВолеј 2028.
Прва тај-брејк победа за Пелистер волеј сезонава во третиот ваков натпревар за битолскиот клуб во најсилната женска лига. Во последниот натпревар од осмото коло од шампионатот битолчанки ја добија драмата со Газели волеј и на крај славеа заслужена победа од 3-2 во сетови (25-18, 16-25, 25-21, 22-25,15-8).
Одбојкарите на ГОК Борец со пресврт стигнаа до победа од 3-1 на гостувањето кај Сушево во Василево, во седмото коло од Првата лига мажи. Сушево уште еднаш сезоната потврди дека ќе биде незгоден противник, особено на домашен терен и дека не признава фаворити, но немаше сили за изненадување. Гостите во следните три сета наметнаа свое темпо на игра и се изборија за комплетен кам-бек со кој остануваат меѓу водечките три екипи на табелата во лигата.
Претпоследното коло од есенскиот дел во Првата женска лига донесе интересни натпревари во кои шампионот Јанта Волеј Кисела Вода и вице-првакот Работнички Скопје во дуели кои се решаваа во тај-брејкот ги совладаа Вардар ЕМ, односно Младост УГД.