Во услови кога Европската одбојкарска конфедерација откажа низа натпреварувања поради здравствената криза, денот на победата над фашизмот, како што на континентот се нарекува „Ден на Европа“, исто така, не содржеше активности на одбојкарските терени. За да се заблагодари на 56-те федерации за нивниот придонес во надминувањето на актуелните проблеми со коронавирусот, ЦЕВ објави видео со кое сака да потенцира дека сега повеќе од кога било, сите сме еден одбојкарски тим.