Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) го објави календарот за квалификациите за Европското првенство во 2021 година. Натпреварите во групата Ц, во која што се македонските репрезентативци, се закажани за јануари. Поради пандемијата, наместо шест средби според принципот „секој со секого, дома и на гости”, ќе се одиграат два турнира, првиот во Данска од 7-10, а вториот кај нас од 14-17 јануари.