„Змајчеки“ лесно со Белгија, ќе играат европско полуфинале со Полска

Репрезентацијата на Словенија се пласираше во полуфиналето на Европското одбојкарско првенство, откако беше подобра од Белгија со конечни 3-1 во сетови (25-22, 25-22, 20-25 и 25-13).

„Змајчеки“ немаа преголеми проблеми со Белгијците, па освен еден загубен сет, во останатиот дел од мечот имаа целосна контрола врз резултатот. Немаа одговор ривалите за мотивираниот словенечки тим, по што Словенците заслужено се најдоа меѓу четирите најдобри на турнирот. 

Таму, противник ќе им биде селекцијата на Полска, која вчера ѝ одржа лекција на Германија, совладувајќи ја со сигурни 3-0. Втор полуфиналист е и селекцијата на Франција, која го очекува подобриот од дуелот меѓу Италија и Финска.