ЖОК Вардар со победа ја отвори мини-турнејата во Албанија

ЖОК

Одбојкарскиот тим на ЖОК Вардар се наоѓа на мини-турнеја во Албанија каде ќе одигра неколку пријателски натпревари во пресрет на новата сезона. 

Во текот на денешниот ден вардарки беа поуспешни од екипата на Хули Волеј со 1-3 во сетови. Македонскиот претставник го загуби првиот сет, но заигра подобро во продолжението, за на крај убедливо да се радува на победата.

Утрешниот ден носи нов предизвик за „црвено-црните“, а тоа е дуел со Партизани од Тирана.