Женската мак-одбојка преку вардарки се враќа во евро-куповите

Женската македонска одбојка се враќа во еврокуповите откако амбициозниот Вардар покрај во машка пријави екипа и во женска конкуренција на Челинџ купот.

Кај мажите ќе има две имиња, претставници покрај Вардар ќе бидат и одбојкарите на Џио Струмица, додека кај дамите ќе ги гледаме само „црвено-црните“ девојки. Главната фаза во Челинџ купот ќе стартува во ноември.

Веќе се познати учесниците во истата, а ждрепката ќе биде на 21 август во Луксембург. Ова е голем чекор напред за развој на женската македонска одбојка која ќе биде домаќин на Европското првенство за играчи до 19 години во 2022 година.

  • Можните ривали на ЖОК Вардар во Челинџ Купот: