Ждрепката немилосрдна: „Финале пред финалето“ во женскиот одбојкарски Куп

Ждрепката за полуфиналните парови од завршниот турнир од Купот на Македонија во женска конкуренција донесе „финале пред финалето“. Одбојкарките на Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ ќе се соочат во второто полуфинале кај дамите, закажано за 4 април од 19:00 часот, што судијќи според досегашните меѓусебни дуели ќе биде едно од највозбудливите натпревари во салата „25 Мај“ во Радовиш.

Претходно, во првото полуфинале од 16:00 часот ќе се соочат Наковски Волеј и Фит Фан Волеј. Патот до титулата во женска конкуренција е отворен, откако бранителот на трофејот Струмица жени беше елиминиран во осминафиналето.

Тридневната Куп-програма стартува ден порано, на 3 април, кога се играат машките полуфиналиња. Во првото полуфинале бранителот на пехарот Штип УГД ќе се соочи со Работнички 71&22 од 16:00 часот, додека Струмица 47&72 ќе игра со Борец во второто полуфинале од 19:00 часот.

Куп на Македонија (мажи):
Полуфинале - трети април
Штип УГД – Работнички 71&22 - 16:00 часот
Струмица 47&72 – Борец - 19:00 часот

Финале - петти април (19:00 часот)

Куп на Македонија (жени):
Полуфинале - четврти април
Наковски волеј – Фин Фат волеј - 16:00 часот
Работнички Скопје – Јанта волеј КВ - 19:00 часот

Финале - петти април (16:00 часот)

Одбојкарска федерација на Македонија заедно со општина Радовиш како технички организатор од 3 до 5 април во салата „25 Мај“ во Радовиш ќе ги пречека најдобрите четири екипи во Купот во машка и женска конкуренција.