Второлигашите Пелистер волеј и Младост УГД приредија сензации во Куп-осминафиналето

Двете најдобри екипи во женската второлигашка конкуренција обезбедија место во четвртфиналето на Купот со победи на гостински терен против тимови коишто сезонава настапуваат во елитното друштво. Одбојкарките на Пелистер волеј во четири сета славеа кај Струмица жени, а Младост УГД со 3-0 беше поуспешен од составот на Македонија Макс.

На другите натпревари од осминафиналето немаше неочекувани резултати, па бранителките на тронот од Работнички Скопје, Јанта волеј Кисела вода, Наковски волеј, Фит фан волеј, Вардар жени и Вардар ЕМ, исто така, обезбедија пласман во четвртфиналето на 15 февруари.

Кај мажите, Универзитет во Тетово го мина Сушево со 3-0 и влезе меѓу осумте најдобри во Купот. Таму се и ланскиот освојувач, Струмица Никоб, Шкендија, ГОК Борец, Лирија, Работнички 47&22 и Весна Пробиштип. 

Осминафинале (жени) 
Работнички Скопје – Универзитет во Тетово    3-0 (25-11, 25-9, 25-7)
Јанта волеј – Фламинго волеј      3-0 (25-10, 25-15, 25-11)
Наковски волеј - Виктори волеј      3-0 (25-3, 25-6, 25-12)
Фит фан волеј – Форца волеј Ема      3-0 (2-:5, 25-17, 25-15)
Вардар жени – Бами Кор      3-0 (25-23, 25-21, 25-18)
Вардар ЕМ – Ускана волеј      3-0 (25-16, 25-18, 25-23)
Струмица жени – Пелистер волеј      1-3 (22-25, 18-25, 25-22, 27-29)
Македонија Макс – Младост УГД      0-3 (6-25, 18-25, 16-25)

Претколо за четвртфинале (мажи)
Универзитет во Тетово – Сушево      3:0 (25:10, 25:20, 25:17)