• Зоран Мишевски
Втора првенствена победа во вториот натпревар за одбојкарите на Работнички 71&22 откако синоќа на стартот на второто коло со 3-0 (25-13, 25-22, 25-20) го совладаа Борец.
Домашниот тим имаше сигурно отворање на мечот со 8-3, односно 17-9, па лесно дојде до стартната предност од 1-0 во сетови. Вториот и третиот сет се играа изедначено, со голема неизвесност во завршниците, но сепак Работнички успеја да дојде до максимална победа и нови три бода.
Покрај овој дуел во рамките од второто коло в сабота ќе се одиграат уште четири натпревари Скопје го пречекува Штип УГД, Македонија Џио ќе се соочи со Сушево, Шкендија игра со Весна Пробиштип, додека Лирија ќе биде домаќин на дуелот со шампионот Струмица 47&72.
Натпреварот меѓу Јанта Волеј мажи и Универзитет во Тетово е одложен.