Вилфредо Леон е МВП на Европското првенство, Полска доминира во идеалниот тим

Со титула за фаворитот Полска вчера заврши Европското првенство во одбојка во машка конкуренција. Шампионот доминира во изборот со дури четири играчи и најдобриот тренер, вицешампионот Франција има двајца претставници, а историскиот бронзен тим на Финска доби признание преку младиот Мартила.

Најкорисен играч (МВП): Вилфредо Леон (Полска)
Најдобар техничар: Антоан Бризар (Франција)
Најдобар коректор: Тео Фор (Франција)
Најдобри примачи: Вилфредо Леон (Полска) и Ноа Мартила (Финска)
Најдобри средни блокeри: Шимон Јакубишак (Полска) и Бартомеј Лемањски (Полска)
Најдобар либеро: Јакуб Попивчак (Полска)
Најдобар тренер: Никола Грбиќ (Полска)

Следното Европско првенство во 2028 година ќе се одржи во Црна Гора, а другите три земји домаќини дополнително ќе бидат одредени.