Виктори Волеј падна во Битола, и Струмица и Наковски волеј обезбедиja Куп-четвртфинале

Фаворитите Струмица Жени и Наковски Волеј со победи во Купот на Македонија ја стартуваа ова 2021 година. Во рамките на осминафиналните мечеви од ова натпреварување, три од четири струмички прволигаши обезбедија пласман во четвртфиналето.

Струмица Жени славеше против градскиот ривал Македонија Макс со 3-0 во сетови. Девојките на Атанас Милев и Вера Божијанова Димитриевска не дозволија изненадување на свој терен и со 25-23, 25-17, 25-21 ја надиграа екипата на Македонија Макс.

Наковски Волеј дома го победи УГД Студент Жени од Штип со 3-0

Пласман во четвртфиналето од Купот обезбеди и Пелистер Волеј, кој го надигра Виктори Волеј со 3-1 (21-25; 25-22; 25-23; 25-21). Најдановски со 14 и Трпеновска и Пејовска со по 13 поени беа најдобри во победничкиот табор.

Во четвртиналето на Купот ќе се приклучат Вардар Жени 2019 и Јанта волеј Кисела вода.