Весна Пробиштип немоќна против расположените штипски одбојкари

Вечерва во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип се одигра последниот натпревар од петтото коло на одбојкарскиот шампионат на Македонија. УГД Штип убедливо ја надигра екипата на Весна Пробиштип со 3-0 (25-20, 25-23, 25 12).

Предводена од капитенот Кристијан Ристевски, кој успеа да освои 21 поен, па Стефан Санев со 10 и Максим Георгиевски со 6 поени, штипјани ја декласираа екипата на Пробиштип за 75 минути игра. Гостите во првиот и вториот сет и некако парираа, но во третиот се предадоа. 

Прва лига (мажи), 5.коло
ГОК Борец – Џио Струмица 0-3 (15-25, 21-25, 15-25)
Универзитет во Тетово – Дибра волеј 3-0 (25-8, 25-14, 25-9)
Вардар – Лирија 3-0 (25-14, 25-10, 25-21)
Штип УГД Штип – Весна Пробиштип 3-0 (25-20, 25-23, 25 12)
Шкендија – Јанта волеј