Вардаровите екипи платија котизација и веднаш се вклучуваат во одбојкарскиот шампионат

Откако Одбојкарската федерација на Македонија ги суспендираше сениорските екипи на ОК Вардар поради неисполнети финансиски обврски, клубот којшто е аспирант на титулите во двете конкуренции, ги исплати предвидените средства. Тоа значи дека суспензијата е тргната, а вардаровите тимови утре ќе ги одиграат натпреварите од Втората фаза-1.

Дамите на ОК Вардар ќе го пречекаат составот на Јанта волеј Форца, а мажите ќе сервираат против Весна Пробиштип.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (Прво коло)
Џио Струмица – УГД Студент 
Универзитет во Тетово – Лирија
Вардар – Весна Пробиштип

Прва лига (мажи), Втора фаза-2, (Прво коло)
ГОК Борец – Дибра волеј
Слободна Шкендија

Прва лига (жени), Втора фаза-1, (Прво коло)
Работнички Скопје – Виктори волеј 
Наковски волеј – Струмица жени 
Вардар жени – Јанта волеј Форца 

Прва лига (жени), Втора фаза-2, (Прво коло)
УГД Студент жени – Бами Кор 
Пелистер волеј – Ускана
Македонија Макс – Универзитет во Тетово (одложена)