Вардарки со најголемото засилување тргнаа во подготовки за новата сезона

Одбојкарките на Вардар ги стартуваа подготовките за новата сезона, во која „црвено-црните“ имаат јасна цел пред себе – доминација на домашната одбојкарска сцена.

Клучните одбојкарки од ланскиот состав остануваат дел од тимот, а ЖОК Вардар дополнително се засили до Кубанката Атила Агуеро Агилера, која како најголемо засилување веќе пристигна во Скопје и тренира со остатокот од екипата.

„Црвено-црните“ во текот на месецот дополнително ќе се засилат со одбојкарки од странство, се со цел достојно претставување во европските купови, каде за ривал во Челинџ-купот на ЦЕВ ќе го имаат финскиот состав Хаменлина.

Како дел од подготовките „вардарки“ ќе заминат на турнир во Албанија, а за крајот на септември е најавен и турнир во Скопје на кои Вардар ќе биде домаќин, а ќе учествуваат екипи од Македонија и од Албанија.

Новата сезона од одбојкарскиот шампионат на Македонија ќе стартува на 3 октомври.