Вардарки пресилни за младиот тим на Јанта волеј

Третото коло од шампионатот на Македонија во одбојка за жени започна со предвидлива и очекувана победа на Вардар жени на теренот на Јанта волеј со 0-3. Скопското дерби беше соочување на младата екипата на Јанта волеј и еден од фаворитите за титулата, видно засилениот Вардар жени.

Гостинките извојуваа победа за нешто повеќе од еден час игра, со 14-25, 22-25, 16-25 по сетови.

Група А - трето коло
Јанта волеј Форца – Вардар жени 0-3 (14-25, 22-25, 16-25)
Универзитет во Тетово – Наковски волеј (сабота, 18:00)
Македонија Макс – УГД Студент жени (понеделник, 19:00)
Слободен: Фит фан волеј

Група Б - трето коло
Работнички Скопје – Ускана (сабота, 18:00)
Виктори волеј – Бами Кор (сабота, 16:00)
Пелистер волеј – Струмица жени (понеделник, 18:00)
Слободна: Јанта волеј Кисела вода