Вардарки на доминантен начин славеа во дербито со Јанта Волеј

Екипата на Вардар Жени ја продолжи доминацијата во домашната одбојка оваа сезона, откако во вечерашното дерби со второпласираниот тим на Јанта Волеј Кисела вода славеше со убедливи 3-0 во сетови и ја потврди лидерската позиција на табелата. 

Гостинките од Кисела Вода играа рамо до рамо со вардарки само на стартот од првиот сет, во кој имаа и константно водство, но следуваше фантастична серија на домаќинките кои на крај стигнаа до 25-16 за водство од 1-0 во сетови. Во останатите два сета, Вардар демонстрираше моќ и квалитет и со идентични 25-12 запиша голема победа на ова дерби.

На останатите натпревари, Наковски волеј загуби кај Работнички Скопје, а Струмица жени ја потврди фаворитската улога на свој терен против Универзитет во Тетово, па овие две екипи со по девет победи имаат недостижна предност пред Наковски на три кола од крајот на Втората фаза-1 во натпреварувањето.

Прва лига (жени), Втора фаза -1, (Седмо коло)
Вардар жени 2019 – Јанта волеј Кисела вода 3-0 (25-16, 25-12, 25-12)
Работнички Скопје – Наковски волеј 3-1 (27-25, 19-25, 25-11, 25-20)
Струмица жени – Универзитет во Тетово 3-0 (25-9, 25-16, 25-16)

Прва лига (жени), Втора фаза -2, (Седмо коло)
Ускана – Јанта волеј Форца (прекин)
УГД Студент – Фит фан волеј 2-3 (19-25, 25-21, 11-25, 25-19, 7-15)
Македонија Макс – Пелистер волеј 1-3 (24-26, 26-24, 23-25, 8-25)
Виктори волеј – Бами Кор 3-2 (25-27, 23-25, 25-21, 25-10, 18-16)