• Мартин Танасковски

Одбојкарките на Вардар по службен пат обезбедија наредно коло во Челинџ купот, а натпреварот со словачка Нитра ќе се игра на неутрален терен, во „балон“ во Унгарија.
Градот Капошвар ќе биде домаќин на натпревари во рамки на европското натпреварување. Покрај Вардар и Нитра, во овој „балон“ ќе играат уште и екипите на Капошвар и Острава.
Победниците од осминафиналните дуели во овие две средби ќе играат четвртфинале, во истиот „балон“ во Унгарија.
Натпреварот меѓу Вардар и Нитра се игра на деветти декември од 20:00 часот.