Вардарци немоќни против лидерот, нова победа на разиграната Шутова

Двете екипи со најсилен ростер во одбојкарскиот шампионат на Македонија, Џио Струмица и Шутова забележаа нови домашни победи во рамките на осмото коло на Втората фаза.

Значајни бодови освоија и одбојкарите на Лирија, кои ја надиграа екипата на Весна Пробиштип.

Втора фаза - 8. коло
Шутова - Универзитет во Тетово 3-1 (25-18, 23-25, 25-17, 25-20)
Џио Струмица - Вардар 3-0 (25-15, 25-19, 25-17)
Лирија - Весна Пробиштип 3-1 (26-24, 25-22, 22-25, 25-23)

Џио Струмица е лидер со 46 бода, пред Универзитет во Тетово со 38 и Шутова со 34 бода.