Вардар Жени против фински претставник ќе брка второ коло во Челинџ Купот

Екипата на Вардар Жени ќе ја претставува Македонија на европската одбојкарска сцена, откако пријави учество во женскиот ЦЕВ Челинџ Купот. 

На денешната жрепка во Луксембург, нашиот тим го доби противникот за премиерниот настап во ова натпреварување. Во првата елиминационата фаза Вардар пред себе има незгоден противник, затоа што ќе се судри со финскиот претставник Хаменлина.

Доколку распоредот не претрпе промени, првата средба треба да се одигра во периодот од 8 до 10 октомври, додека реваншот на програмата ќе биде од 13 до 15 октомври.