Вардар загуби и од Рибница, па заврши на четвртото место на турнирот во Ниш

Одбојкарите на Вардар го освоија четвртото место на пријателскиот турнир во Ниш, бидејќи во мечот за третото место загубија од Рибница со 3-2 во сетови. 

Откако вчера загубија од домаќинот Ниш со 3-0, нашите претставници прикажаа подобра игра и стигнаа до тај-брејк кој на крајот го загубија. Рибница поведе на стартот и го доби воведниот сет со 25-18, но вардарци се вратија со 29-27. Следеше нова делба на сетовите и Вардар третиот го загуби со 25-22, а четвртиот го доби со 25-19. Сепак, ротацијата беше клучна во победата на Рибница и со 15-8 славеа во тај-брејкот. 

„Црвено-црните“ ќе се вратат во Македонија и ќе продолжат со подготовките за новата натпреварувачка сезона во земјава.