Вардар во одбојкарскиот Челинџ Куп против чешки Карловарско

Одбојкарскиот клуб Вардар се пријави да биде дел од Челинџ Купот на ЦЕВ, а на ждрепката го доби и првиот ривал.

„Црвено-црните“ по долго време ќе ја претставуваат Македонија на европско тло, а за прв противник во рамки на второто коло ќе играат со Чез Карловарско од Чешка. Првите натпревари се играат 12-14 ноември, додека вторите се од 26 до 28 ноември.

Вардар на првата средба ќе гостува во Чешка, додека на вториот меч македонскиот тим ќе биде домаќин.

Македонија ќе има европски преставник по долги десет години, кога последен пат не претставуваше тимот на Работнички.