Вардар убедливо поразен на европската премиера во Челинџ купот

Македонскиот одбојкарски клуб Вардар втора година по ред игра во Челинџ купот на ЦЕВ, но не се прослави на премиерата, затоа што убедливо загуби во првиот меч против словенечки Калцит Камник.

Фаворитот на хартија ја оправда улогата во целост и запиша лесна победа во еден час, во три сета (12-25, 15-25, 17-25). Вардар во ниту еден момент не беше близу ривалот, па мора да се помири со неуспехот пред втората средба која ќе се игра на истото место.

Најдобар кај победникот беше Брегар со 12 поени, Космина имаше осум, додека Шталекар постигна седум, а кај Вардар, Симовски заврши со 11, пред Шулајковски и Илиев со по седум поени.

По договор со двата клуба, европскиот двомеч Вардар ќе го игра во два дена. Вториот натпревар се игра в среда исто така од 20:00 часот.

Во ланското издание на Челинџ купот, ОК Вардар ги загуби двата натпревари со Карловарско.