Вардар убедливо ја надигра Јанта Волеј и ќе презими со перфектни „осум од осум“

ОК Вардар

Дербито од второто коло во елитната Втора фаза во женскиот македонски одбојкарски шампионат им припадна на одбојкарките на Вардар кои со убедливи 3-0 (25-19, 25-22, 25-21) ја надиграа екипата на Јанта Волеј.

Дуелот на двете непоразени екипи во шампионатот започна со подобра игра на „црвено-црните“. Тие подобро сервираа и ја искористија и најмалата грешка на ривалот. Тоа им донесе почетна предност во првиот сет.

Преостанатите два сета беа за нијанса понеизвесни. Одлучуваше подобриот финиш, кој им припадна на вардарки. Агуеро со 18 поени беше најефикасна на натпреварот, а доби помош од Славкова (8) и Георгиевска (7).

Вардар е на врвот со максимални осум победи, а следуваат Работнички и Јанта Волеј.