Вардар службено оди понатаму во Челинџ купот, го чека словачка Нитра

Женскиот одбојкарски клуб Вардар без борба патува во наредната фаза на Челинџ купот, откако противникот реши да се повлече и да не допатува во Македонија поради кризата со коронавирусот.

Вардарки на кам-бекот на женската одбојка на европската сцена требаше да играат со финска Хаменлина, ама противникот поради строгите закони во Финска се откажа од европското натпреварување.

Така, македонскиот тим е во втората рунда, каде ќе се соочи со словачкиот клуб Нитра, кој исто така мина службено, откако швајцарски Фенинген исто така се откажа од Челинџ купот.

Првите натпревари се предвидени да се играат од 8 до 10 декември, додека реваншите се закажани од 22 до 24 декември.