Вардар сервираше реванш за Универзитет во Тетово на почетокот од Втората фаза

Вардар го доби дербито со Универзитет во Тетово на гости со 3-1 (25-20, 21-25, 25-21, 25-19) и победнички ја отвори Втората фаза -1 во најсилната машка одбојкарска конкуренција кај нас.

За разлика од првиот дуел во Скопје во октомври, црвено-црните денеска одиграа подобро и се изедначија со ривалот според бројот на триумфи (8) и според бодовите (24), но сепак тетовци останаа на второто место затоа што имаат за нијанса подобар сет-количник.

Водечкиот состав на Џио Струмица, којшто има максимален ефект (9-0) досега, претстојниот викенд ќе игра со четвртопласираниот ГОК Борец, а за тогаш се предвидени и другите средби од почетното коло во овој натпреварувачки сегмент.