Вардар се засили со Мачиќ и ја продолжи соработката со Клопчевски

Одбојкарскиот тим на Вардар го договори своето прво летно засилување кое на својот грб има долгогодишно искуство со натпревари во ЦЕВ Купот. 

Лазар Мачиќ е нов член на „црвено-црното“ семејство. Српскиот интернационалец игра на позицијата либеро, а во Вардар доаѓа од редовите на Рибница Крањево. Се работи за искусен одбојкар од кој се очекува да биде главната алка во дефанзивата на нашиот претставник во Челинџ Купот. 

Покрај доведувањето на Мачиќ, вардарци имаат уште една позитивна вест за своите фанови. Тоа е продолжувањето на договорот со средниот блокер Ристо Клопчевски.