Вардар се наостри за Џио Струмица со ефектна победа против Универзитет во Тетово

Одбојкарите на Вардар го прегазија Универзитет во Тетово во натпреварот што барем на хартија го носеше епитетот дерби на шестото коло во Првата машка одбојкарска лига. Гостите во салата СРЦ „Кале” во Скопје освоија вкупно 41 поен, средбата заврши за помалку од еден час, а тоа се доволни параметри за да ги отсликаат настаните на теренот (25-16, 25-12, 25-13).

Вардарци остануваат први на табелата со максимални шест победи досега, а тетовци се четврти затоа што имаат три триумфи, еден помалку од третопласираната Лирија. По двете зоочувања на Универзитет во Тетово со Вардар и со Џио Струмица, се остварија прогнозите дека за лидерската позиција по есенскиот дел ќе решава меѓусебниот натпревар меѓу актуелниот првак и скопскиот тим.

Тој дуел ќе биде дел од наредното, седмо прволигашко коло, а предноста на домашниот терен ќе ја имаат струмичани.