Вардар се екипира, се засили со ирански репрезентативец

Македонскиот одбојкарски клуб Вардар донесе ново име во своите редови и потпиша со квалитетен одбојкар.

Ново име во редовите на „црвено-црните“ e иранскиот репрезентативец Комеил Акбари. Одбојкарот кој е роден 2001 година и настапува на позицијата надворешен напаѓач доаѓа од Португалија каде го носеше дресот на Кастело де Маја.

Акбари е висок 205 сантриметри, тежи 90 килограми, а покрај во португалскиот тим играше и за Шардари Арак, Дорна Урмиа и Урмија, тимови од Иран.